,,Театарот, театарската сцена, глумците и понатаму остануваат важен остров на човечката автентичност. Таа човечка автентичност е нешто што треба секогаш да настојуваме да го заштитиме, бидејќи токму таа човечност ќе не заштити од притисокот на отуѓената технологија и од ризикот од отуѓена политика, која до сега знаеше да се претвори во апарат за контрола на луѓето и за злоупотреба на власта” – рече Заев.
Тој најави дека поддршката за културата и уметноста во Струмица е континуирана и нагласена. ,,Меѓу првите работи што ги направивме првите 100 дена од работата на новата Влада, беше да ја обезбедиме заслужената поддршка на повеќе културни манифестации, како Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, како Струмица Опен Ер, но други значајни културни инцијативи низ државата. Така ќе биде и во иднина! Ја исправаме повеќегодишната неправда кон Струмица и овие манифестации, кои добиваа безначајни средства и беа речиси игнорирани само поради тоа што доаѓаат од град, со кој раководеше политичка опција спротивна на онаа која 11 години владееше со нашата земја.” – рече Заев истакнувајќи дека денеска се празнува тетарот и актерот и и ноивната слобода заедно со 8- ми септември , Денот на независноста на Република Македонија.

Датум на објава: петок, 08 септември 2017 во 22:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар