Рехабилитацијата на популарниот Ибра тече побрзо од предвиденото , американските хирурзи мораа малку да го забават процесот на рехабилитација и да го спречат Ибрахимовиќ во неговата желба што поскора да се врати на теренот. 

За Ибрахимовиќ ова беа најтешкиот период во кариерата , повредата на лигаментите на коленото  според многумина можеше да го доведе во прашање и продолжувањето  на неговата кариера. По операцијата во Лос Анџелес неговиот Манчестер Јунајтед објави дека нема да го продолжи договорот со Златан. Но, по успешната операција и брзото заздравување Јунајтед го менува ставот , Мурињо одлучи да смета на услугите на славниот Ибрахимовиќ.
За време на рехабилитацијата Ибрахимовиќ има време  и за одмор, пред неколку дена популарниот фудбалер ја посети Специја, во Италија , градот каде се продаваат најскапите јахти на светот.


Ибра во Специја си купи луксузна јахта „Рива 100“ вредна 8 милиони евра. Производителот на јахти Ферети на профилот на Инстаграм веќе објави и фотографија  од Ибрахимовиќ со макета од нивната јахта.



Инаку оваа луксузна јахта е опремена со голема трпезарија, коктел бар, гаража, голема спална која име неверојатен поглед на морето . јахтата има и посебен дел опремен со кароке систем со јако озвучување. 

Датум на објава: понеделник, 11 септември 2017 во 11:23
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар