- Денеска се сеќаваме на жртвите на терористичкиот напад на 11 септември 2001 година и оддаваме почит на храбрите херои кои спасија бројни жртви тој ден, по цена на жртвување на своите. Нивната храброст тој ден останува пример за карактерот на американскиот народ во соочувањето со злото. Иако нашата земја е ранета тој ден, денеска го потсетуваме светот дека тероризмот никогаш нема да ги порази САД, рекол Тилерсон.

Американскиот државен секретар потсети дека на денешен ден, исто така, четворица Американци, помеѓу кои и двајца членови на Стејт департментот, настрадаа во терористичкиот напад во Бенгази во Либија, се наведува во соопштението на Стејт департментот.


коментари

остави коментар