Гувернерот на државата Оахака Алехандро Мурат рекол на локалната телевизија дека бројот на мртвите во оваа држава се искачил на 76.

Тој додал дека најмалку 12000 куќи се оштетени, но дека тој број сигурно ќе биде поголем.

Мурат рекол дека на околу милион луѓе во Оахака им е потребна помош во храна, вода, електрична енергија и за обнова на куќите. Во соседната држава Чијапас помош им е потребна на околу 1,5 милиони луѓе.

- Ние сме обединети пред оваа хуманитарна криза, рекол Мурат.

Земјотресот со јачина од околу 8 степи по Рихтер кај брегот на Чијапас го потресе и Мексико сити и предизвика пустош долж превлаката Теуантепек.

коментари

остави коментар