Антиќ според официјалниот сајт на српскиот шампион потпишал едногодишен договор со црвено белите од Белград.

35- годишниот Антиќ по втор пат во кариерата ќе го носи дресот на Црвена Ѕвезда . Инаку Антиќ кој е првиот Македонец кој настапувал во НБА лигата досега во кариерата има освоено три титули во Евролигата, две со Олимпијакос и една со тимот на Фенербахче.

Легендата на македонската и европската кошарка досега во кариерата покрај Фенербахче и Црвена Ѕвезда настапува и за екипите на Работнички, АЕК, Лукоил, Спартак, Олимпијакос и НБА тимот на Атланта. 

Датум на објава: вторник, 12 септември 2017 во 08:48
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:18

коментари

остави коментар