Резолуцијата не опфаќа замрзнување на имотот на севернокорејската влада и на лидерот Ким Јонг Ун како што САД првично бараа, пренесуваат агенциите. Со најновата резолуција му се забранува на Пјонгјанг во следните 12 месеци да увезува сирова нафта, но не и сите форми на природен течен гас, додека увозот на нафтени деривати се ограничува на два милиони барели годишно. Се забранува извоз на текстилна стока, додека на сите земји им се забранува да издаваат нови работни дозволи за работници од Северна Кореја.

Ова е деветта резолуција која 15-те членки на Советот за безбедност на ОН едногласно ја усвојуваат поради нуклеарната програма на Северна Кореја од 2006 година.
 

Датум на објава: вторник, 12 септември 2017 во 09:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар