Според информациите, во моментов со обнова на електроснабдувањето се занимаваат близу 20 илјади специјалисти на енергетската компанија "Флорида Пауер Енд Лајт", која опслужува повеќе од половина жители во американската држава.

Ураганот Ирма кој изгуби од силата и се претвори во тропска бура и натаму слабее кон тропски циклон и веројатно до вечерва целосно ќе ја изгуби силата.
Во налетот на ураганот загинаа 50 луѓе, од кои најголем дел на карипските острови.

Датум на објава: вторник, 12 септември 2017 во 13:38
Гоце Герасимовски

коментари

остави коментар