Според првичните сознанија на полицијата, несреќата се случила утрово околу 10 часот, додека шлеперот со српски регистерски ознаки се движел кон Дебар.
Од се уште непознати причини, возачот загубил контрола и со камионот пропаднал во бездна покрај патот длабока педесетина метри. Возачот набрзо излегол од кабината и од случаен минувач со возило бил пренесен во гостиварската болница, каде му се санирани повредите.
Во моментов, екипа на СВР Тетово врши увид на местото на настанот за да се утврдат причините кои довеле до несреќата. 

Датум на објава: вторник, 12 септември 2017 во 13:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар