Според „Дубровничкиот весник“  Абрамовиќ од нафтената индустрија ИНА нарачал дури 750 тони гориво.

Полнењето на јахтата со гориво траело цели 40 часа , а ИНА горивото го донела со дури 25 цистерни. Рускиот милијардер со горивото платил околу еден милион долари.

Супердолгата јахта од 163 метри  вредна 340 милиони долари Абрамович ја купил во 2010 година. Од карактеристиките на луксузната јахта вреди да се споменат, тежината од  околу 13000 тони, широка е 21 метар и цената на годишното одржувања од 30 милиони евра.

Инаку јахтата може да прими 62-ца  гости и има 70 членови на екипажот. На мегаскапата „ Eclipse", има базен, сауни, кино, златара, фризерски салон, градинка, ресторан, болница и ноќен клуб.

Од „дополнителната “ опрема тука се и два хеликоптера, мини подморница, ракетен радар, чамци за спасување и многу други системи за обезбедување.  

Датум на објава: среда, 13 септември 2017 во 09:36
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:53

коментари

остави коментар