Јоргос Кумуцакос од Никос Коѕиас бара појаснувања на ставовите изнесени во Скопје, коментирајќи дека дел од изјавите на грчкиот министер за надворешни работи создаваат впечаток на разубавување на реалноста која во суштина не е променета. Пратеникот од опозициската партија во писменото прашање тврди дека нашата земја и понатаму има бескомпромисна и иредентистичка позиција и ја прекршува Времената спогодба, и му посочува на Коѕиас дека со неговите изјави треба да ги зацврсти грчките ставови, а не да остави простор за тие да бидат искористени од други.

„-Кои се конкретните позитивни резултати од мерките, чија што содржина се уште е нејасна, а особено дали тие придонесоа за промена на позицијата на нашата соседна земја во главното прашање за  билатералните односи, односно во прашањето за името?

-Како нашите партнери во ЕУ и нашите сојузници во НАТО ќе бидат солидарни на наша страна, почитувајќи го духот на консензусни одлуки од Букурешт кога ние самите се чини дека позицијата на Скопје ја изедначуваме со грчката? Освен ако Министерството за надворешни работи смета дека Скопје ја напушти неговата иредентистичката позиција кон нашата земја. “ – прашува Кумуцакос.


Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија коментира дека изјавите на Заев и Димитров за влез на Македонија во НАТО под ФИРОМ е нов елемент во како што пишува, “наводната попустливост од новата влада“.  А всушност, како што вели, владата на Заев ја повторува идентичната политика на владата на Груевски. Кумуцакос овој став го поткрепува со објаснувањето дека и во 2008та барањето за влез во НАТО беше под привременото име.

Датум на објава: среда, 13 септември 2017 во 12:52
Сања Ристовска
Обновено во: 14:59

коментари

остави коментар