Мирниот собир во француската престолнина ескалираше во физичка пресметка меѓу полицијата и група демонстранти.

Полицијата со солзавец и водени топови интервенираше против демонстрантите, кои ги напаѓаа со димни бомби и камења специјалните единици . Измените на законот за работни односи, беше  едно од предизборните ветувања на претседателот Емануел Макрон.

Со новите мерки ќе бидат зголемени овластувањата на работодавачите, ќе се одреди горната граница на оштета во случај на спор, ќе се скуси рокот за поднесување тужба од работникот, а преговорите околу проблемите на работното место ќе се решаваат на ниво на компанијата, а не преку генералните договори од индустријата.

Датум на објава: среда, 13 септември 2017 во 13:36
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар