Крадоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се последната одбрана на режимот на Груевски што граѓаните го поразија на 11 декември, а ќе го поразат и на претстојните локални избори. Кандидирањето на старо нови крадоначалници кои успешно го следат примерот на Груевски за криминално и расипничко владеење, уште еднаш докажа дека партијата ВМРО-ДПМНЕ е длабоко навлезена во криминал и се уште не може да се ослободи од стегите на Никола Груевски и Сашо Мијалков, се наведува во реакцијата.  Граѓаните го препознаа одговорното, чесно и транспарентно работење на СДСМ и затоа на локалните избори чесната понуда на кандидати и програма на СДСМ ќе добие најголема поддршка од гласачите. Граѓаните ќе изберат нова, услужна локална власт предводена од СДСМ којашто ќе работи во интерес на граѓаните.

Датум на објава: среда, 13 септември 2017 во 16:50
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:26

коментари

остави коментар