Мистериозната убавица е 28 годишната Хоуп Хикс  која има диплома од Универзитет за методика и е третата по ред директорка на отсекот за односи со јавност во Белата куќа, со што презема една од најмоќните улоги во Вашингтон. Пред да работи во Белата куќа Хоуп    била советничка во тимот на ќерката на Доналд Трамп , Иванка, а беше и портпарол во претседателската кампања.

Според медиумите претседателот Трам има голема доверба во младата Хоуп, го цени и почитува нејзиното мислење и во последните неколку месеци ја смета за еден од позначајните членови на неговиот тим  во креирањето на политиката. 

28- годишната Хоуп инаку е една од првите кој и се приклучила на кампањата на Трамп , пред тоа работела и како модел по што од родниот Конектикат се преселила во Њујорк. Каде веднаш пронашла вработување во една ПР агенција , поради што медиумите многу ја поврзуваат со сопругата на Трамп Иванка.
Годишната плата  на Хоуп како директорка за односи со јавноста во Белата куќа изнесува 180 000 долари. 

Датум на објава: среда, 13 септември 2017 во 17:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар