Оваа мерка е со поддршка од страна на министерството за труд и социјална политика, агенцијата за вработување и УНДП. Проектот е пред се насочен за пасивните баратели на работа. На прашање дали ова се старо нови проекти, министерка одговори?

,,Следејќи ги глобалните трендови за намалување на транзицијата „од диплома до вработување“, посебен акцент ставаме на младите невработени лица. За првпат, како никогаш досега, на младите амбициозни луѓе со визија, им се дава шанса и одлична можност за отворање на сопствен бизнис. Планираме отворање на 140 млади старт-апи, кои со доделен неповратен грант од 10.000 евра ќе добијат простор да влезат на пазарот на трудот и да го покажат својот потенцијал”, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Најголем акцент е ставен на лицата од 29 години кои 30 проценти од оваа категорија на невработени.

,,Три огласи за конкретни мерки ќе бидат активни од следната недела, па се до пополнување на предвидената конечна бројка. Во следниот период интензивно ќе работиме на терен директно со невработените лица и нивно запознавање со можностите за активно вклучување на пазарот на трудот”, информираше директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија Билјана Јовановска.

,,Креирањето на работни места е една од клучните активности на Програмата за развој на Обединетите нации во државата. Со измените во Оперативниот план ќе работиме на новите и проширените мерки кои ќе имаат за цел пред сѐ активирање на младите луѓе, на лицата со попреченост, како и припадниците на ромската заедница, развивање на вештини, наоѓање на работа или пак основање на сопствен бизнис”, истакна постојаната претставничка на УНДП Луиза Винтон.

Инаку за да бизнисот биде успешен ќе има и лица кои ќе им помагаат. Во оваа програма ќе бидат опфатени 140 граѓани на државата. 

Датум на објава: четврток, 14 септември 2017 во 13:32
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Обновено во: 14:08

коментари

остави коментар