Дали воопшто се обработува или е под нечиј незаконски закуп ?!  Темелната внатрешна ревизија во ресорното министерство ќе ги даде одговорите. Сознанија за незаконски дејствувања има во министерството. За некои договори, министерот Николовски веќе и покренал судски постапки.

- Веќе е покрената постапка и за раскинување на договори со илјадници хектари поради тоа што со години не е плаќан надомест за закуп, соопшти министерот Николовски. 

Најпрво под лупа ќе бидат последните договори од 2016 тата година. За резултатите потребен ќе биде подолг временски период, вели министерот. Колкава и каква штета е нанесена врз буџетот, министерот не сакаше да шпекулира. Ревизијата е штотуку започната, вели тој, крајниот резултат од првиот пресек, граѓаните ќе го знаат до крајот на годината.

- Променет е планот за внатрешната ревизија и дадени се сите овластувања од моја страна. Направени се сите неопходни состаноци со цел најтранспарентно да се одвива оваа активност. Од она што сум информиран ќе стане збор за длабинска и опсежна активност која ќе започне со ревизија на последните огласи коишто се спроведени, истакна Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од официјалните извештаи,170 илјади хектари е земјиште во сопственост на државата. Од нив, во моментов, 100 илјади хектари се под закуп, вели ресорниот министер. Анализата ќе послужи за креирање на новите принципи и мерки при доделувањето државно земјиште и субвенции.

Датум на објава: четврток, 14 септември 2017 во 13:44
Катерина Капкоска
Обновено во: 14:46

коментари

остави коментар