Од партиите велат правните тимови работата на подготовка на кандидатурите и рокот ќе биде испочитуван. Кандидатите делумно познати. Стари и нови имињата влегуваат во трката за локална власт на 15-ти октомври.  Последното име кое го обелоденија социјалдемократите е на кандидатот за Центар, Саша Богдановиќ.

ВМРО ДПМНЕ на последниот ден од рокот обелоденија 38 имиња на кандидати за градоначалници. Меѓу кои за Охрид се предлага доктор Митко Тилев, за Битола пратеникот Зоран Илиоски, Јохан Тарчуловски за Кисела вода, пратеничката Нермин Теловска за Чаир, бизнисменот Митко Јанчев за Кавадарци и за Штип актуелниот Илчо Захариев.  Во 20-тина општини актуелните градоначалници добија можност за нов мандат.

Лидерот на партија, Никола Груевски денеска потпиша Декларација за заеднички настап со коалиционите партнери. Додека премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев синоќа потпиша договор за коалиција за заеднички настап на локалните избори со 21 партија.

„Граѓаните од целото општество, од сите сфери ја имаат шансата да учествуваат во промените и го прават тоа. Затоа убеден сум оваа предизборна коалиција по промените на центрлано ниво ќе донесе промени и на локално ниво на локалните избори на 15 октомври и ќе донесе живот за сите граѓани во нашата заедничка ,преубава Република Македонија...Ова е заедничката цел што не обедини сите нас - леви, десни партии од центарот кои денеска го потпишавме Договорот за настап на локалните избори, истакна Заев на потпишувањето на Договорот“,

По поднесување на кандидатури, Изборната комисија има 48 часа да ги разгледа и одобри. Ждрепката за редоследот на гласачкото ливче на кандидатите ќе се спроведе на 18-ти септември. 

Датум на објава: четврток, 14 септември 2017 во 14:42
Јулијана Николовска
Обновено во: 08:13

коментари

остави коментар