Покрај индивидуалните посети, изложбениот центар – матка го посетиле и групи ученици и студенти каде и практично се едуцирале.
Од ЕВН Македонија очекуваат со почетокот на новата училишна и академска година нови групни посети во рамки на кои ќе се одржува и практична едукација.

Изложбен центар за електрична енергија матка е проект на ЕВН Македонија наменет за поголема едукација преку интерактивни експонати. Уште на самото отворање на Изложбениот центар за електрична енергија - матка, претставниците на неколку универзитети во Македонија, на средни и основни училишта, како и претставници на бирото за развој на образованието, потпишаа иницијатива за користење на Изложбениот центар „Матка“ во едукативни цели, во насока на унапредување на образовниот процес.

„Навистина сме горди што нашата идеја е прифатена од заедницата и овој проект ја исполнува својата цел, да биде дел од образовниот систем и да овозможува поголема практична едукација на младите. Искрено се надеваме дека заедно со сите наши сегашни и идни партнери ќе ги збогатуваме содржините во насока на што подобра едукација и ќе стимулираме жед кај младите за иновации“, вели Штефан Петер, претседател на управниот одбор на ЕВН Македонија.

Датум на објава: четврток, 14 септември 2017 во 15:13
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар