Финансиска поддршка за фирмите што ќе отвораат нови добро платени работни места и ќе бележат раст на приходите. Вакви мерки содржи владиниот план за економски раст, чија цел, е зголемување на конкуретноста на приватниот сектор, забрзување на економскиот раст и подобрување на благосостојбата на граѓаните. Главен критериум, како што посочија, премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев ќе бидат резултати во работењето.

Ако се покаже резултат, ќе има поддршка од државата. Втората година повторно резултат, пак поддршка од државата. Третата година нула резултат – нула поддршка. Мора да има резултат. Ако расте резултатот на компаниите, ќе чекаме да расте и бруто домашниот производ.“ изјави Заев.

Мерките се поделени во три групи - за нови инвестиции, за поддршка на извозот и мерки за мали и средни претпријатија.
Посебен третман ќе имаат компаниите кои ќе рестартираат фирми во стечај и ликвидација, а планот опфаќа и интернационални компании со над една милијарда евра приход. Се однесуваат за компаниите кои се на слободниот пазар, појасни Анѓушев.

„Ќе се субвенционираат само новоотворени работни места со плати повисоки за најмалку 50% од просечната плата, односно над 18000 денари и тоа со 10% од нето вредноста на платата ќе биде вратена према инвеститорот. И натаму ќе има пропорционален модел :кој колку поголема плата дава ќе биде субвенциониран до 16%. Со тоа сакаме да ја отвориме спиралата на зголемување на просечната плата во РМ“, појасни Анѓушев.

Мерките подеднакво се насочени и кон странските и домашните инвеститори. Условот е компаниите да достават завршна сметка, па потоа да аплицираат. Во следните недели ќе има јавна расправа за драфт-верзијата на планот,  по што ќе биде утврдена и дефинитивната верзија.



Датум на објава: четврток, 14 септември 2017 во 15:20
Ивана Стојановска
Обновено во: 18:03

коментари

остави коментар