Сириската армија направи зона на раздвојување со најблискиот аеродром во градот на истокот на земјата , што важи за упориште на Исламската држава. Елитните сириски единици денеска го ослободија универзитетот , дел од главната улица , како и поголем дел од центарот на градот .

Џихадистите , кои се наоѓаат во поединечни станови во централното градско подрачје на Дар-ез-Зор даваат силен отпор на западниот брег на реката Еуфрат. .

Според босанските медиуми во последниот обид за да го вратат назад под своја управа , со војската на Сирија се борат исклучиво само џихадисти од Босна и Херцеговина , како и од другите Екс – Ју држави .

Војската на Сирија , според Министерството за одбрана контролира над 85 проценти од овој град .

Датум на објава: четврток, 14 септември 2017 во 16:26
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар