Министерот Димитров ја презентираше реформската агенда на Владата на Република Македонија, насочена кон враќање на европската и евроатлантската перспектива на земјата и нејзините граѓани.
- Во таа смисла, искажа благодарност за особено значајната холандска помош во спроведување на реформските процеси, неопходни за интегрирање во ЕУ и НАТО. Димитров изрази и задоволство од континуираниот и конструктивен политички дијалог меѓу двете министерства за надворешни работи, со очекување дека ваквиот тренд ќе продолжи, паралелно со дополнително збогатување на соработката во останатите области од заемен интерес, информира МНР.
Високиот холандски гостин, наведува министерството во соопштението, ги поздрави досегашните реформски активности на Владата на Република Македонија, оценувајќи ги како силно охрабрувачки и потврдувајќи дека холандската поддршка на тој план ќе продолжи засилено да се манифестира во иднина.
- Холандија беше и ќе биде голем пријател на Македонија, истакнал генералниот директор ван дер Плас.

Датум на објава: четврток, 14 септември 2017 во 17:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар