И по сто години од Букурешкиот договор, неговиот дух е се уште жив. Големите сили како и тогаш и сега гледано од аспект на Македонија ја применуваат истата тактика на негирање на идентитетот и се што е македонско- цени историската фела во земјава, кои денеска дискутираа на четвртата глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора.Прашањето за името тлее долго време којзнае што може да се изроди од ова вели историчарот Тодор Чепреганов.
  
 Букурешкиот договор гледано од овој временски и историски ракурс не е ништо повеќе отколку израз на незавршена балканска војна, која има за цел да ја уништи македонската држава, нација, традиција и култура вели професорката Виолета Ачковска.

    За Професор доктор Јованка Кепеска излезот треба да се бара во говорењето пред светот за неправдата што им е нанесена на Македонија и на Македонците со Букурешкиот договор.

    На денешниот втор ден од конференцијата се обрати и министерот за надворешни работи Никола Поповски кој говореше за аспектите на македонската дипломатија 91-ва 2013-та година, притоа нагласувајќи дека сега Македонија се фокусира на јакнење на економската дипломатија во функција на подигнување на животниот стандард на граѓаните.


Датум на објава: петок, 26 јули 2013 во 15:46
Мирјана Трпческа
Обновено во: 18:13

коментари

остави коментар