Младиот Боришка Кипријанов тврди дека во претходниот живот живеел на Марс се додека не започнала војната која го уништила живото на планетата.
Родителите на Боришка истакнуваат дека нивниот син зборува за   вознемјани и нивните цивилизации уште од мали нозе, кога бил дете иако никој не му зборувал за такви теми. 

Боришка  вели дека ја посетил Земјата кога работел како пилот на Марс и дека имал блиски врски со Египќаните. Дури тој предвидел и дека живото на Земјата многу ќе се измени кога ќе се „отклучи“ Големата пирамида користејќи го механизмот кој се наоѓал зад неговото уво.

21 годишниот Боришка во моментов живее во Вогоград, а неговата појави  предизвикува големо внимание кај теоретичарите на завери кој не ја отфрлаат неговата сторија.  Дури велат дека го испитувале Боришка за живото на Марс и дека тој им кажал дека Марсовците живеат до 35 години и дека потоа се бесмртни. Сепак , според него една голема катастрофа го уништила живото на Марс, нуклеарна војна.

-Немам страв од смртта , поради тоа што живееме вечно. Се случи една голема катасрофа додека живее на Марс. Луѓето како мене и понатаму живеат на Марс. Меѓу нив изби нуклеарна војна , се изгоре. Само неколкумина преживеаја. Сега изградија нови домови и направиле ново оружје, изјави Боришка.
Контроверзниот Русин, тврди дека марсовците се високи 215 сантиметри и дека може да дишат јаглерод диоксид, но и дека тие сеуште живеат на планетата но под земја.  Воедно тврди дека нивната цивилизација е многу напредна и дека може да патуваат  до други галаксии.

Мајката на Боришка  вели дека нејзиниот син уште кога имал само неколку месеци можел да чита и пишува и дека на една година читал весници, а на две години цртал и пишувал. 

Датум на објава: среда, 08 ноември 2017 во 11:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар