Видно трауматизирана невестата го пријавила случајот во полиција неколку дека по силувањето, не можејќи да го поднесе притисокот од сопругот дека само таа е виновна што тоа се случило!

25 годишниот Б.С. е уапсен под сомнение дека ја силувал својата снаа на првата брачна ноќ - пишува Телеграф.рс.

- Таа дојде во полиција сама и беше уплашена. Се сконцентрира и раскажа дека по свадбата, членовите на најтесната фамилија отишле на еден белградски сплав.Таму се забавувале до утрото а потоа заедно отишле во куќата во која живееле младенците. Сите легнале во еден кревет. Во еден момент некој почнал да ја допира од зад грб. Мислела дека тоа е нејзиниот сопруг но кога отворила очи го видела сопругот пред себе! Сфатила дека некој друг ја напаѓа. почнала да плаче и ги разбудила сите - пишува Телеграф повикувајќи се на извор близок до истрагата на случајот.

Нејзиниот сопруг, повреден од сето ова, ја обвинувал неа и не можел да и прости. Затоа решила да пријави во полиција.

Во полиција изјавила дека човекот кој ја силувал по нејзината свадба, е прв братучед на младоженецот./ извор: Телеграф.рс

Датум на објава: четврток, 01 август 2013 во 14:41
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар