Актерот , познат по улогата на Бали бег во серијата ,,Величествениот” само пред неколку месеци се венча со Фехрије Евчен . По свадбата се преселија во куќата од соништата по што настанаа големите проблеми . За да ја одржуваат луксузната вила им е потребна помош , особено откако Бурак се повреди при снимањето и е врзан за постела .

Но , брачната двојка се плаши дека кој било вработен кај нив би можел да им ги открива тајните во јавноста . Веќе побарале помош од агенција за помошнички , но од таму не им гарантираат целосна дискреција . Интересот за нивниот живот во Турција е особено голем , така што младоженците се на големи маки .

За помош се обратиле и кај пријателите за да им препорачаат помошничка која ќе молчи за нивното секојдневие , но засега никој не може да им гарантира целосна дискреција .
,,Бараме жена од доверба која знае да ја држи устата затворена , зошто се што се случува во куќата таму треба и да остане “ , порачува Бали бег.

Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 11:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар