Град Скопје не планира никаква забрана за влез во Скопје со моторни возила, како што пренесоа дел од медиумите.

Градот Скопје во насока на намалување на влезот на возила во Скопје размислува за имплементирање на систем на комбиниран превоз, каде на граѓаните од внатрешноста ќе им овозможи бесплатен паркинг на влезовите во Скопје, а до својата дестинација да стигнат користејќи го јавниот превоз (железница, автобус или велосипед).

Некои проценки во јавноста говорат дека секој ден во Скопје влегуваат десетици илјади возила од градовите од внатрешноста и истите значително придонесуваат за сообраќајниот метеж во Скопје.

Овој систем на „Паркирај и вози“ (park&ride) го има во сите поголеми метрополи и станува збор за успешен модел кој што дава одлични резултати, а воведувањето на овој систем беше и дел од изборната програма на градоначалникот Шилегов на изборите во 2017-та.

Овој систем има за цел да го олесни јавниот превоз во Скопје, транспортот да биде побрз и поевтин од користење на сопствено возило, а воедно да се охрабри користењето на комбинираниот јавен превоз.

Датум на објава: четврток, 11 јануари 2018 во 20:23
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар