Првично МОБ најави две изведби, но поради голем интерес од публиката, закажа и трет концерт в недела на самиот празник посветен на св. Василиј.
Во два и пол часовниот концерт  во живо ќе настапи оркестарот и хорот на Македонската опера и балет, под диригентство на Бисера Чадловска.

- Публиката ќе има можност да ужива во изборот од најдобрите поп и рок хитови од ’80-тите и ’90-тите години во целосно нови симфониски аранжмани, кои ќе ги исполнат популарни ѕвезди од македонската естрада, како и оперски солисти, соопшти МОБ. 

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 08:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар