Првото кривично дело Д.М. го извршил на 1 јануари околу 1.30 часот на улица „23 Октомври“ пред влез од зграда каде што, откако се уверил дека во близина нема никој, ја нападнал од зад грб оштетената и со сила ја втурнал во влезот.

Како што соопшти МВР, напаѓачот ја удирал со тупаници по главата, по што оштетената паднала на подот, но Д.М. продолжил да ја удира и и го зел ранецот што го носела на грб. Во ранецот имало лични документи, еден мобилен телефон и еден пар слушалки.

Второто кривично дело, тешката кражба, Д.М. ја извршил истиот ден околу 2.15 часот на булеварот „АВНОЈ“, каде што од паркирано возило употребувајќи  шрафцигер со кој го скршил стаклото од задната десна страна, од задното седиште одзел машка јакна.

Д.М. бил лоциран и приведен во Полициската станица Аеродром. При извршениот службен разговор тој во целост го појаснил начинот, времето и мотивот на извршување на кривичните дела, информира МВР. 

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 12:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар