Овој закон е во спротивност со Амандман 5 од Уставот на Република Македонија. Со овој јазик се врши фаворизирање на само една етничка заедница -  албанската, додека од друга страна сите други се маргинализираат, рече Дарко Костовски од ВМРО - ДПМНЕ. 

Можноста судските, управните, извршните, предистражните, истражните, кривичните, прекршочните, парничните, вонпарничните, за извршување на санкции и другите постапки да се водат на еден од двата јазици ја релативизира официјалноста на македонскиот јазик. Дополнително невозможно е закон кој се носи со апсолутно мнозинство да се усогласува одредби во закони кои се носат со двотретинско мнозинство.

Двојазичност на униформите на полицијата, здравствените работници и пожарникарите ја надминува уставната рамка. Според Уставот двојазичноста може да важи за локални институции, а не во државните институции, како што тоа се прави со овој закон.

Законот за двојазичност го надминува и Рамковниот договор во точка 6 од истиот, во делот на образование и употреба на јазиците. 

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 14:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар