Ужасниот настан се случил во септември минатата година ,кога  во дворот на 34 годишната дизајнерка Сабрина Куидер и нејзиниот пријател , 40 – годишниот Осем Медуни било најдено телото на девојката .
Полицијата не можела да ги идентификува остатоците , но потоа утврдиле дека станува збор за 21- годишната Софи Лионет од местото Троје во североисточна Франција .
Двојката во судот одрекуваше дека ја убиле девојката или дека го запалиле нејзиното тело .

Тие пред судот излегоа со солзи во очите , одрекувајќи ги наводите од обвиниението .

Судот реши првото рочиште од пет неделниот судски процес да се одржи на 19 март , а двојката се товари и за попречување на правдата со обид за уништување на телото на Софи Лионет .

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 15:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар