Еврообврзницата се издава за враќањето на домашни долгови,за подобрување на ликвидноста на пазароти  со цел да се ослободат повеќе пари во стопанството, преку кредити, што ќе значи и поголем поттик, реализација на најавените инвестиции  и позитивен економски раст, вели ресорниот министер.

Со ова Македонија за првпат изврши предвремен откуп на постоечка еврообврзница, платена е 1/3 од еврообврзницата од 270 милиони евра, издадена во 2015-та година која достасува во декември 2020-та со каматна стапка од 4,875%. Покрај каматните заштеди,се намалува долгот кој достасува во 2020 година и се намалува ризикот од рефинансирање, објаснуваат од финансии.

Ниската камата е постигната како одраз на високата доверба кај меѓународните инвеститори за перспективите на македонската економија.

Македонија претходно издаде пет еврообврзници во вкупна вредност од 1,5 милијарда евра, а половина милијарда беа камати.

Годинава доспеваат обврски од вкупно 370 милиони евра, 200 милиони на домашниот и 170 милиони евра на странскиот пазар.

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 17:47
Ана Торевска
Обновено во: 17:50

коментари

остави коментар