Жената истрча од масата новинари на гласачкото место во Прага и застана директно пред Земан (73), кој се подготвуваше да ги покаже своите документи за идентификација пред изборната комисија, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Таа ги подигна рацете, покажувајќи го слоганот испишан преку нејзините гради, пред неколку припадници на обезбедувањето да ја соборат на земја.

Земан брзо бил изведен надвор од избиралиштето, а потоа се вратил за да го заврши своето гласање.

Граѓаните на Чешка, денеска и утре го избираат новиот претседател на државата.

Новиот чешки премиер Андреј Бабиш го осуди нападот на Украинката од групата Фемен, која денеска искочи пред претседателот Милош Земан на избиралиштето со натписот “Земан е проститутка на Путин“ и го означи како неуспешен чин, бидејќи како што изјави, Чешка не е Русија и Чесите можат слободно да гласаат на изборите.

„Не сме Русија и гласаме слободно. Испадот ќе му нанесе штета на угледот на Чешка“ – изјави премиерот Бабиш за чешката агенција ЧТК.

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 19:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар