Концернот, по се изгледа по аферата излезе почист и бележи само рекорди.

Според Bild am Sonntag, цитиран од Reuters, продадени се близу 10,7 милиони автомобили во 2017 година, што повторно ја стави групацијата VW Group на прво место во светот.

Концернот веќе забележа еден рекорд, откако за првпат брендот Volkswagen продаде над 6 милиони. автомобили оваа година.

А со помош на растот на продажбата на Audi и Porsche очекувањата се дека Volkswagen Group ќе има уште еден рекорд: приходи во износ од над 220 милијарди евра (над 264 милијарди долари).

Со ова го подобри рекордот од 2016 година, кога имаше приходи од 217 милијарди евра.

Весникот ги цитира овие бројки, повикувајќи се на интерен извор, а од Волфсбург одбија да дадат коментар на оваа тема. Официјалните параметри се очекуваат на 17 јануари, а финансиските резултати ќе дојдат кон крајот на февруари.

Во 2016, првата целосна година по избувнувањето на “Дизелгејт”, продажбата на групата се зголемија за 3,8% и достигнаа до рекордни 10,3 милиони. Тоа беше потпомогнато од двоцифрениот раст на продажбата во Кина.

Минатиот месец се дозна дека очекувањата на Toyota се во рамки на предвидувањата на 10,35 милиони продадени автомобили.

Тоа се автомобили од марките Toyota, Lexus, Daihatsu и Hino, што е раст од околу 2%.

Предвидувањата на Јапонците за 2018-та се на 10,5 милиони. Досега е добро, но од целата слика најинтересни ќе се резултатите на Renault-Nissan, бидејќи по првите шест месеци на 2017 година

Денес Volkswagen произведува над 60 модели во светот, а најпопуларни се Jetta, Golf, Passat, Polo, а во Кина го продаваат и модел Santana.

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 22:12
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 22:13

коментари

остави коментар