Градоначалникот на Новаци Љубе Кузмановски смета дека се реални изгледите да се топлифицира оваа рурална општина токму заради непосредната близина од само два километри од РЕК Битола. Со изградбата на топлификација предвидено е да се искористи отпадната топла вода во процесот на производство на електрична енергија во РЕК „Битола“ за загревање на домовите на граѓаните, но и за загревање на земјоделските пластеници. Дополнителна вредност има и еколошкиот бенефит од сето ова, бидејќи проектот значајно ќе придонесе за намалување на загадувањето во овој регион.
„На два километри се наоѓа и рудникот Суводол од термоелектраната.

Таму има парно. Новаци бидејќи е блуску може да се загрева со топлинската енергија која што се ослободува во РЕК Битола.Сметам дека со нормално производство на електрична енергија на трите блокови, Новаци поради близината може да се загрева со топлинската енергија од РЕК Битола. Веднаш по празниците планираме да започнеме со преговори прво со ЕЛЕМ, а потоа да обезбедиме техничка документација, за на крај да се утврди колкава ќе биде финансиската конструкција. На средбата со менаџерскиот тим на ЕЛЕМ ќе се отвори постапка, прво преговори, па проектна документација и да се види колку ќе чини тој проект, за потоа да се обезбедат средства. Тоа нема да биде ниту лесно, ниту брзо, но штом се започне мислам дека ќе се заврши. Доколку техничка можност постои сето другото ќе ги изменаџираме и ќе го истераме до крај. Оттука, кон крајот на 2018 година или почетокот на 2019 година се надевам дека ако се биде во ред како што планираме ќе започне и изградбата.,,- вели градоначалникот на Новаци.

Кузманоски, со оглед на неговото претходно работно искуство во РЕК Битола, смета дека топлификацијата е лесно изводлива за Новаци, но не и за другите општини заради оддалеченоста.

„Зошто не може да се топлифицира Битола или подалеку? Затоа што од Битола до РЕК има дванесет километри. И мое мислење е дека за да се загрева Битола треба од РЕК еден блок да не проиведува струја, туку да произведува само топлинска енергија. Во овие моменти кога државата кубури со производство на електрична енергија, кога се очекува 70 проценти производство на струјата да даде РЕК за потребите на Македонија, мислам дека нема никој да си дозволи еден блок да се исклучи од мрежа заради топлификација на Битола. затоа сметам дека со нормално производство во електрична енергија на трите блока сепак Новаци заради близината може да се загрева со топлинската енергија.“, вели Кузманоски.

Општина Битола пак најголем акцент стави на проектот за гасификација за што во општинскиот буџет годинава се предвидени 15 милиони денари.
-Валентин Груевски, претседател на Совет на општина Битола

Општините Битола, Новаци и Могила, секоја година како обештетување од загадувањето  од ЕЛЕМ добиваат средства кои се користат за еколошки проекти.

Датум на објава: сабота, 13 јануари 2018 во 12:51
Анета Шијакова
Обновено во: 14:34

коментари

остави коментар