Снег со слаб интeнзитет кој не се задржува на коловозот провејува на патните правци Крива Паланка, Плетвар и Делчево, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.

Датум на објава: недела, 14 јануари 2018 во 09:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар