Режисерот на филмовите „Љубов“ и „Бела лента“, за австрискиот весник „Куриер“ изјави дека “хистеријата на предвремено осудување“ на другите во рамките на движењето за пријавување на сексуалното вознемирување #MeToo, е “одвратна“.

Тој изјавил дека посебно му смета “целосно непромислената злоба и слепиот бес кој не е заснован на факти туку уништува животи на луѓе чии злосторства не се докажани“.

Неколку европски филмски уметници изразија резерва спрема американското движење #MeToo, вклучувајќи ги и француската актерка Кетрин Денев и актерот Лиам Нисон.

Нисон минатиот месец изјави дека холивудскиот скандал за сексуално вознемирување поттикнал и “мал лов на вештерки“.

Тој сепак масовното движење за пријавување на сексуално вознемирување го оцени како здраво.

Обвиненијата на повеќе актерки дека продуцентот Харви Вајнштајн сексуално ги вознемирувал и напаѓал, покренаа бран од обвинувања за сексуални вознемирувања и напади од холивудските моќници, политичари и други влијателни луѓе.

Датум на објава: понеделник, 12 февруари 2018 во 20:12
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 20:56

коментари

остави коментар