Долго се шпекулираше дека Опра Винфри ќе се кандидира за претседател на САД на наредните избори, но и дека за тоа размислува и Двејн Џонсон. Меѓутоа, и двајцата соопштија дека своите кариери не планираат да ги заменат со политика.

Сајтот „Ранкер“ се позанимава со оваа тема правејќи листа на познати личност кои јавноста најмногу би сакала да ги види на местото претседател на САД.

На самиот врв на листата се наоѓа Том Хенкс. Иако досега имаше голем број на улоги, уште ниту еднаш не се најде во улогата на претседател на филм, што неговото високо котирање го прави уште поинтересно.

Без било какво искуство во политиката, веројатно на врвот на листата се најде поради своите способности и силни личности, пишува „Indy100”.

Листата изгледа вака:

1. Том Хенкс
2. Елен Деџенерис
3. Морган Фримен
4. Џон Стјуарт
5. Двејн Џонсон
6. Опра Винфри
7. Клинт Иствуд
8. Стивен Колберт
9. Чак Норис
10. Били Нај



На листата се најдоа и Бил Гејтс, Мишел Обама, Мајкл Мур, Снуп Дог, Еминем, Тејлор Свифт.

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 11:14
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:11

коментари

остави коментар