Ф.А. (58) од село Арачиново, вработена во амбуланта во ова село како патронажна сестра, вчера во 8:20 пријавила дека во периодот од 19:30 часот на 9 февруари до 07:00 часот вчера непознат сторител извршил тешка кражба во Здравствена станица Арачиново.

Како што соопшти МВР, сторителот со употреба на сила влегол во подрумската просторија, демонтирал едно црево на резервоарот и одзел околу 200 литри нафта за домаќинство, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. 

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 13:31
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар