Шишињата шампањ биле закопани во винскиот подрум на два ката , што пропаднал во земја во 1900 година . Досега се пронајдени 26 шишиња шампањ , за кои се претпоставува дека може да се пијат .
Производителот на шампањот  Пол Рожер , омилен пијалок и на Черчил , вели дека во пропаднатата визба тогаш имало 1,5 милиони шишиња . До сега не се вршеле ископувања , зашто при првиот обид да се извадат, пропаднал подрумот на соседната визба.
Дури петтата генерација сопственици на винарската визба почнале со ископи за да може на местото на пропаднатата , да изградат погон за пакување . При поставувањето на темелите , работниците наишле на тунел , каде ги ископале првите шишиња. Велат дека поради глинестата почва , вината се во добра состојба . Тапите , затворени со метални држачи го преживеале времето , така што сопствениците се надеваат дека по завршените анализи , ќе може да го продаваат шампањот .
Велат дека годините пред пропаѓањето на визбата , од 1887 до 1898 , биле познати по доброто вино , така штп сметаат дека вината би можеле да се пијат .

Инаку , како што наведуваат Британските медиуми , Винстон Черчил го пиел само овој вид шампањ  и за време на својот живот испил 42 000 шишиња од истиот пијалок.

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 21:01
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар