Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш извести дека 14 земји, вклучувајќи ги и Венецуела и Либија, имаат неподмирени долгови, а портпаролот Брендан Варма потврди дека Венецуела г изгубила правото на глас во организацијата.

АП додава дека гласот го изгубила и Либија.

Венецуела мора да плати најмалку 25 милиони долари, а Либија најмалку 6,5 милиони долари за да го вратат правото на глас.

Венецуела е потресена од длабока политичка криза, а во Либија владее хаос од симнувањето од власт и погубувањето на Моамер Гадафи во 2011 година.

Меѓу земјите кои го изгубија правото на глас се и Централноафриканската Република, Доминика, Доминиканската Република, Гренада, Маршалските острови, Суринам, Јемен и Екваторијална Гвинеја.

Генералното собрание на ОН одлучи дека Коморите, Гвинеја Бисао, Сао Томе и Приципе и Сомалоја ќе го задржат правото на глас и покрај долгот што го имаат.

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 11:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар