Дневно мени нудат само 15 % , сезонско само 5% , а останатите ресторани  имаат само едно годишно мени

Ова го покажа истражувањето на Факултетот за туризам и угостителство спроведено во педесетина  најпознати ресторани во Охрид.

- Ако зборуваме за едно мени во еден ресторан дефинитивно треба да биде составено стручно и  да одговара на повеќе целни групи национални гости интернационални, дијабетичари,  вегетаријанци исто така, вели Тоше Чочороски менаџер по туризам.

Дури 90 %  од шефовите на кујните  се со  средно   а само 10 % со високо угостителско  образование.

-  Исто така кадарот кој што работи во тие објекти е најчесто со средно образование воопшто нема посетувано дополнителни курсеви за да се надгради нивното знаење. Сите тие резултати покажуваат дека треба уште многу да се работи во овој сектор за да имаме поквалитетно угостителство, вели проф д- р Анѓела Василеска Крстаноска.

Студентите на Факултетот за туризам покажаа како изгледа едно холивудско мени. На отворањето на факултетскиот ресторан зготвија морски плодови,  јастог на камерунски начин,  рубен сос, црн и црвен кавијар, шкампи во сос од виски и  торта  Опера бастилја.

-  Во охридските хотели секако дека може да се подготвуваат вакви специјалитети само треба повеќе труд и ентузијазам, вели Давид Санџакоски менаџер по гастрономија.

Вакво ексклузивно мени треба да нудат и охридските ресторани.

Датум на објава: недела, 06 октомври 2013 во 13:11
Соња Рилковска
Обновено во: 13:12

коментари

остави коментар