46 Години Македонска Академија на Науките и уметностите. На денот на роденденот претседателот Владо Камбовски на институцијата со која раководи и прогнозира светла иднина која ќе биде трасирана всушност од развојот на науката, културата, образованието, уметностите и третманот од страна на општеството врз основа на искуствата и можностите што ги нуди пошироката заедница кон која целиме како што е  Европската Унија.

Рестрикциите за овие области кои се повеќе како константна појава, вели претседателот Камбовски, ја натерале академијата да поработи на свое престројување со поголема конкурентност пред фондовите на Европската унија, вели Владо Камбовски - Претседател на МАНУ.

Академик Блаже Ристовски, апелира во државата повеќе да се слуша гласот на академијата како врвна установа на науката и уметностите.

Како дел од чествувањето беа доделени два златника. Меѓународното признание „Блаже Конески“ 2013 отиде во рацете на првиот француски амбасадор во Република Македонија Патрик Крисман и на црногорскиот академик Сретен Перовиќ. Беше промовирана и скулпторската градина, во која се поставени 45-те скулптури што академик Томе Серафимовски и ги подари на МАНУ.

Датум на објава: четврток, 10 октомври 2013 во 15:18
Мирјана Трпческа
Обновено во: 15:35

коментари

остави коментар