Светот никогаш не бил побогат , се наведува во извештајот , според кој секој возрасен човек на планетава тежи во просек 51 600 долари. Сепак распоредот на богатството е поинакво.

Најбогати на земјината топка се Швајцарците со 513 илјади долари по човек , Австралијанците со 403 илјади и Норвежаните со по 380 илјади долари.
Македонија на картата е означена со зелено, како и поголемиот број земји во регионот,  што значи дека секој жител тежи во просек од 5 до 25 илјади долари . Единствено Грција се издвојува така што во просек секој Грк тежи над 100 илјади долари , како и во земјите од западна Европа и Америка .

Но , како што појаснува директорот  на кредит Свис, Мајк О‘ Саливен просекот на богатството е една , а неговата дистрибуција друга работа. Така, само еден процент од населението поседува 46 проценти од глобалното богатство . САД , и покрај рецесијата го поседуваат најголемиот дел од глобалното богатство пред европските и азиско пацифичките земји.

Во Америка живеат и најголемиот  број од вкупно два милиона милијардери во светот .
За 2018 се предвидува бројот на милијардери да достигне до 47 милиони, што пред се би се должело на брзиот развој на Кина.

Датум на објава: понеделник, 14 октомври 2013 во 20:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар