- Врз основа на предлогот на претседателот Никос Анастасиjадис постигнат е консензус и едногласна одлука за создавање Фонд за инвестициска солидарност, изјави портпаролот на кипарската Влада Христос Стилиjанидис.

Останатите политичари кои присуствувале на кризниот состанок со шефот на државата порачаа дека данокот на банкарските депозити е целосно отфрлен.

Медиумите шпекулираат дека овој фонд би можел да биде финансиран од приходите од национализација на државните и приватните фондови.

Доцна попладнево Mинистерскиот совет ќе одржи седница на која ќе го одобри решението и ќе го предаде за натамошни процедури во Парламентот.

извор: МИА

Датум на објава: четврток, 21 март 2013 во 16:46
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар