Според надлежните опремата може да мери капацитет, квалитет и пропуст на оптички кабли а покрај професорите студентите и научните работници ке може да ја користат и други компании. До сега владата инвестирала над 26 милиони евра во 80 лаборатории и премиерот очекува дека покрај за образование и наука, раководствата ќе се ангажираат за да ги комерцијализираат лабораториите и да нудат услуги и за приватниот сектор.

- Она што со години беше запоставувано, а тоа е набавката на лаборатории за универзитетите, но и за бизнис секторот, веќе е значително зајакната. Она што го направивме е набавка на 80 лаборатории за кои што се инвестирани над 26 милиони евра за потребите на македонските универзитети. Карактеристична е проценката на експертите дека најголем дел од овие лаборатории, доколку добро се менаџираат, се исплаќаат за три до пет години, потенцира Груевски.

Дел од лабораториите се акредитирани а кај дел постапката е во тек што според Груевски ќе значи и заштеда за компаниите кои не ќе мораат да одат во странство за да добијат меѓународно признат сертификат. 

Лабораторијата е опремена со платформа за тестирање на оптички линкови EXFO FTB-500 која содржи дополнителни модули OSA, PMD и CD, оптички рефлектометар EXFO FTB-1 за испитување на квалитетот на оптички линкови и лоцирање на грешки и оштетување на оптичкото влакно, SUMITOMO T-39LC Splicer кој служи за поправка и поврзување на прекинати оптички влакна и извор на оптички влакна и оптички атенуатот. 

коментари

остави коментар