Во книгата во која се содржани над 70 песни, авторот ја обработува вечната тема на младоста, љубовта и природата, а инспирацијата се неговите средношколски и студенски години.

Јовиќ појасни дека книгата е наменета за младите од 18 до 20 години, а ја препорача и како лектирно издание за подобро литературно изразување посебно на младите.

Книгата ја промовира познатиот писател за деца и млади Горјан Петрески кој појаснува дека тоа се лирски песни и медитации.

- Нема нешто што не опфатил, но најмногу е врзан за природата, за оние напливи кои се случуваат во природата кои ако ги претвориш во песни ќе добијат сосема друга димензија, а Божидар Јовиќ успеал во тоа, смета Петрески.

Инаку, Божидар Јовиќ има напишано уште три книги, стручна литература за педагошката дејност во образованието. /Извор: МИА/

Датум на објава: четврток, 06 март 2014 во 15:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар