И додека светските политичари, а пред се оние од ЕУ и од земјите членки на НАТО, прават нови стратегиски планови по референдумот во Крим, милиони корисници на социјалните мрежи веќе ја прогласија Наталија Поклонскаја за најсексапилна обвинителка на светот.

Според светските медиуми, триесет и три годишната Наталија за јавен обвинител на Крим е поставена пред референдумот за присоединување на Крим кон Русија. Светот е задоволен и јавно им се заблагодарува на одлуката на надлежните институции што решиле оваа убавица да ја постават за јавен обвинител на Крим.

Покрај ова, корисниците на социјалните мрежи во целиот свет веќе имаат отворено и посебни страници за Наталија Поклонскаја.

Датум на објава: среда, 19 март 2014 во 09:07
Зоран Момировски
Обновено во: 09:35

коментари

остави коментар