Авторите на промоцијата презентираа дел од афоризмите содржани во книгата. Книгата чиј издавач е Орион-Делчево, а ја отпечати печатницата Уни стар од Велес, е посветена на починатиот љубител на афоризми Блаже Темов од Велес, пријател на еден од авторите на книгата Димитар Илиев Вилазорски.

Претходно, како дел од програмата на Топол културен бран се одржа и концертот на пијано на Габриела Бачманова и Илија Настовски, професори по пијано од Велес.

Манифестацијата Топол културен бран завршува вечер со концертот „Апасионато“ на гудачкиот квартет под раководство на Пламенка Трајковска. Концертот ќе се одржи во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес  со почеток во 20:30 часот.

Датум на објава: среда, 27 август 2014 во 11:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар