Четириесетгодишната жена ги простирала алиштата во дворот на својата куќа во Мелбурн, Австралија, кога земјата се отворила под неа и таа пропаднала во дупка полна вода.

Соседите повикале брза помош и лекарите успеале да ја спасат со оглед на тоа дека во еден момент нејзината глава била под нивото на водата.

Нејзините соседи во предградието Спрингвејл биле предупредени да не излегуваат од своите куќи додека инженерите не извршат испитување на тлото во соседството.


Датум на објава: вторник, 25 ноември 2014 во 22:46
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 23:02

коментари

остави коментар