Сценариото е со измислени имиња, во Македонија на посета бил министер за одбрана на Демократска Република Риландија. И државата и министерот се измислени.
 
Конвојот со воено полициска придружба бил нападнат на излезот од стрелиштето Петровец, автомобил им го попречил патот и избила престрелка. Тројцата напаѓачи се убиени, двајца војници на АРМ ранети. Тогаш почна вежбата- воени и полициски специјалци слетаа со хеликоптер и го обиколија теренот. Пристигнаа полициските техничари и форензичарите на судска медицина. Теренот беше прегледан, дури и се изврши проверка дали има експлозив во возилото на напаѓачите.
 
Во вежбата дури беше планирано каде да стојат новинарите кои во случајот беа професионални војници облечени во цивилка и со микрофони и камери в раце. И така со измислен министер, непостоечка држава, форензичари во бело и божемни новинари заврши заедничката вежба на АРМ, полицијата и истражниот судија.
 
 

Датум на објава: среда, 06 март 2013 во 14:26
Миомир Серафиновиќ
Обновено во: 09:10

коментари

остави коментар