Во несреќата потешко е повредено уште едно девојче и уште четири малолетници.

Според првичните сознанија на гостиварската полиција, автомобилот „БМВ" со странски регистерски таблички околу 16:30 часот со шест малолетници се движело на локалниот пат кој го спојува Градец со автопатот Тетово-Гостивар. Од сé уште неутврдени причини, автомобилот што најверојатно го управувал 14-годишник од Градец, изгубило контрола и неколку пати се превртело.

Од здобиените повреди на самото место починало едно од девојчињата, а друго како итен случај е пренесено на скопските клиники. Другите деца со полесни повреди се згрижени во гостиварската болница.

Во тек е увид на јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, кои работат на расветлување на случајот. /извор МИА



Датум на објава: недела, 26 април 2015 во 19:32
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 20:21

коментари

остави коментар